Полицијата во Њујорк опколила маж со пиштол кој се појавил пред зградата на Обединетите нации на Менхетен.
На снимката од надзорните камери се гледа како маж утринава, по локално време, шета пред зградата на Обединетите нации. На снимката се гледа и вооружена полиција како пристигнува на местото на настанот, пишува американскиот Фокс5.
Набрзо пристигнале неколку амбулантни возила. Полицијата ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа и го затвори сообраќајот пред комплексот згради на ОН.
Полицаец за Си-Ен-Ен изјави дека надлежните служби разговарале со маж пред зградата на ОН. Тој додаде дека човекот изгледа како да зборува сам со себе.
– Ја затворивме зградата поради полициската акција што се одвива пред нашите врати, изјави Стефан Дујарик, портпарол на Обединетите нации за Си-Ен-Ен.