Вооружен маж влетал со автомобил на аеродромот во Хамбург.
Според информациите, непознатиот човек ја пробил заштитната бариера и се упатил кон пистата. Локалните медиуми објавуваат дека на терминалот пристигнал со автомобил Ауди.
Аеродромот во моментов е блокиран, а во возилото со мажот наводно се и неговите две деца, како што пренесува „Билд“.
Неговата сопруга, според објавените информации, ја алармирала полицијата и во итен повик рекла дека нејзиниот сопруг бил во автомобилот со децата и брза кон аеродромот.
Мажот предизвикал неколку пожари во делот на аеродромот, a неколку пати пукал од своето возило со деца во него.
Полициски хеликоптери го надлетуваат аеродромот и патролираат во областа во потрага по сомнителен автомобил, а воздушниот сообраќај е во прекин.
Pолицијата веднаш реагирала и испратила хеликоптери на аеродромот, за што побрзо да го фатат лицето. Надлежните ги повикаа граѓаните да останат смирени и да не се приближуваат до аеродромот.