Маж вооружен со нож и железна шипка бил застрелан и ранет од две француски полицајки, откако ги нападнал извикувајќи „Алаху акбар“.
Како што пренесува француски „Фигаро“, маж на околу триесетина години нападнал и повредил полицајки во општината Оранж, во францускиот департман Воклуз, по што тие употребиле електрошокери и пиштоли во самоодбрана.
Се наведува дека напаѓачот бил застрелан со пет куршуми и потоа бил пренесен во болница во Авињон, каде неговата состојба е критична.
„И покрај предупредувањата, напаѓачот со агресивна одлучност се упатил кон полицајките и тие биле принудени да отворат оган врз него“, се вели во соопштението на жандармеријата.
Се додава дека полицајките со полесни повреди се пренесени во болница.
Во соопштението се наведува и дека истрагата е во тек и дека во моментов не може да се каже кои биле мотивите на напаѓачот.