Вооружен 19-годишник отвори оган на матурска забава во Вирџинија, две лица загинаа

by Fokus

Две лица се убиени за време на прослава на дипломирање во Ричмонд, главниот град на американската сојузна држава Вирџинија, јави Гласот на Америка.

19-годишниот осомничен напаѓач се обидел да бега, но бил уапсен и ќе биде обвинет за убиство од втор степен, изјави началникот на полицијата во Ричмонд, Рик Едвардс.

Тој на прес-конференцијата потврди дека се убиени две лица.

Пет лица се ранети во пукотницата пред театарот каде се одржуваше церемонијата и во блискиот парк.

Уште 12 лица се повредени во хаосот што настанал по пукањето, соопшти полицијата.

Началникот на полицијата Едвардс изјави дека двајца мажи, на возраст од 18 и 36, биле убиени и се верува дека осомничениот познавал најмалку една од жртвите.

Полицијата на местото на настанот пронашла повеќе пиштоли.

Началникот на јавните училишта во Ричмонд, Џејсон Камрас, рече дека матурантите се фотографирале надвор од театарот со семејствата и пријателите кога напаѓачот го нападнал.

Поврзани новости