733
Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски прогласи вонредна состојба во Општина Ресен, поради големото невреме што го зафати преспанскиот регион.
Силниот ветер половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи, што предизвикло материјална штета, но немало поредени лица.
Поради силниот ветер и обилниот дожд, бил отежнат и сообраќајот во регионот, како и снабдувањето со електрична енергија.
Најзагорозени се места Крани и Штрбово како и граничниот премин Маркова Нога.