377
Вонредната состојба во Израел е проширена на целата територија на државата. Претходно беше прогласена само во критичните региони кон Газа.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан претходно прогласи вонредна состојба во радиус од 80 километри околу Појасот Газа, по ненадејниот баражен ракетен напад врз Израел и организираниот и координиран упад на вооружени групи на Хамас од копно, преку море и со едрилици.
Вонредната состојба ѝ дозволува на израелската воена команда да ги ограничи собирите и да затвора области во земјата.