Вонредна состојба на аеродромите во Подгорица и Тиват по дојава за бомба

by fokus

Аеродромите во Подгорица и Тиват се затворени по дојава за бомба од странство.

На аеродромите се испратени специјализирани екипи за антидиверзантска проверка, а надлежните аеродромски власти им рекле на пилотите на авионот, кои требало да слетаат да кружат горе и да почекаат додека да завршат прегледите.

„Во Подгорица, еден авион е вратен на дополнителна контрола. Сообраќајот, сепак, не е прекинат ниту во Подгорица, ниту во Тиват. Во случај на нови важни информации, без одлагање ќе ја информира јавноста за тоа“,соопштија од аеродромот во Црна Гора.

Авионот што требаше да лета за Виена од аеродромот во Подгорица е подложен на дополнителна контрола.

 

Поврзани новости