Вонредна европска турнеја на Бајден на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина?

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за турнеја низ Европа во февруари по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти телевизијата Ен-Би-Си на Твитер.

Според извори од американската влада, Бајден ја истражува можноста за посета на голем број земји, вклучувајќи ја и Полска.

Не е исклучено во истиот период САД да објават нов пакет воена помош за Украина, посочуваат изворите.

Телевизијата не наведе дали има сознанија за тоа американскиот претседател да ја посети и Украина

Поврзани новости