Министерството за здравство на Србија нареди вонреден надзор на Клиниката за психијатрија на Универзитетскиот клинички центар во Белград, поради приговорите на родителите на девојчето кое загина во трагедијата на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ на работата на лекарката Ранка Радуловиќ од оваа клиника.
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека „Клиниката ќе изврши внатрешна ревизија со која ќе се утврдат сите факти поврзани со конкретниот настан на 5 мај на кој се однесуваат забелешките.
„На 4 мај, веднаш по трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“, со цел психолошка поддршка на учениците, наставниците и родителите, Министерството за здравство формираше стручен тим“, се наведува во соопштението.
Таткото на едно од убиените девојчиња вчера за медиумите изјави дека веднаш по масовното убиство во тоа училиште, во кое беа убиени девет деца и чувар на училиштето, а ранети наставничка и пет деца, доктор Радуловиќ ги однела учениците во канцеларија каде што свирела народна музика и им предложила да се поврзат со душите на паднатите пријатели.