Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, денес во Гостивар, спроведоа вонреден инспекциски надзор во пицерија ресторан, по добиена информација од гостиварскиот Центар за јавно здравје дека вчера 9 лица биле пријавени со симптоми за труење со храна.
Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица.
На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица.
Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување.
АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, и операторите и потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел спречување на ризици од појава на можно труење со храна.