Откако пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обелодени за насилство врз 10 месечно бебе во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, се огласија и од МТСП.
Оттаму за „Фокус“ информираа дека директорката на посочената детска градинка го известила Министерството за настанатиот случај.
„Министерството за труд и социјална политика презема соодветни дејствија во рамките на своите надлежности. Во детската градинка ќе се спроведе вонреден инспекциски надзор, со што ќе се утврди фактичката состојбата за настанот. Како Министерство продолжуваме да работиме отворено и транспарентно, во насока на заштита на децата и обезбедување на квалитетен предучилишен процес за секое дете“, ни соопштија од МТСП.
Јорданчо Цветаноски