323
Компаниите за картички Виса и Мастеркард планираат да ги зголемат надоместоците што трговците ги плаќаат за да прифатат платежни трансакции, објави денеска „Волстрит журнал“.
Таксите треба да се зголемат во октомври и април, пишува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на информации од извори и на документи што ги добиле на увид. Многу од зголемувањата се однесуваат на онлајн купувањето, забележува американскиот деловен весник.
Виса и Мастеркард засега се без коментар.
Трговците плаќаат провизија на банките што издаваат картички за секоја трансакција, а нејзиното зголемување обично се пренесува на клиентите, предупредија тогаш.