„Волстрит журнал“: САД може да испратат уште еден носач на авиони во близина на брегот на Израел

by Fokus

САД може да распоредат втор носач на авиони во близина на Израел, изјави неименуван американски воен извор за „Волстрит журнал“.

Американскиот носач на авиони USS Dwight D. Eisenhower и неговите придружни бродови, наводно, треба да исплови за Блискиот Исток оваа недела. Се очекува да стигне до Блискиот Исток за околу две недели, соопштија претставници на одбраната.

УСС Џералд Р. Форд и придружните бродови, од кои некои имаат нуклеарни капацитети, се очекува да пристигнат до брегот на Израел доцна вечерва, соопштија неименуваните извори.

Пентагон, наводно, размислува, но официјално не одлучи дали Ајзенхауер ќе го замени Форд или ќе останат и двата носачи на авиони, додаваат изворите на „Волстрит журнал“.

Никој од официјалните лица сè уште не ги потврди овие наводи.

Последен пат САД имаа два носачи во регионот во 2020 година, откако во ракетен напад врз кампот Таџи во Ирак загинаа двајца американски и еден британски војник.

Поврзани новости