558
Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин кажа дека НАТО подготвувал напад од Украина врз Русија, но рускиот претседател Владимир Путин спречил трагедија.
Володин преку Телеграм праша како ја објаснуваат постапката на Вашингтон за да испорача оружје во Украина во јануари, и тоа пред почетокот на воената операција.
-Доколку не беше одлуката на Путин, воените операции ќе се водеа на наша територија. Тој успеа да спречи напад и трагедија во Русија, вели Володин.