Амбасадорот на САД во Македонија во заминување Пол Волерс, во емисијата „На патот кон…“ на телевизијата „Алсат-М“ изјави дека не добиле официјално барање од македонската влада за ФБИ да го надгледува текот на судскиот процес „Монструм“, кое е неопходно за такво нешто, иако, како што нагласува тој, тоа е далеку од гаранција дека американското федерално биро ќе се вклучи во држава чиј систем не го познава.
– Морам да кажам дека не знам дали е тоа можно дури и ако пристигне такво барање, бидејќи прво ФБИ, за жал, има многу работа во мојата земја и обично не се вклучуваат во случаи во други земји каде што не го знаат системот. Затоа, не можам да гарантирам дури и да има барање дека ќе можеме да го прифатиме – рече Волерс.
Американскиот амбасадор исакна дека оваа тема ја отвориле единствено од ДУИ, од каде претходно го образложуваа тоа со некои искуства во Албанија и Косово, каде ФБИ направил експертиза за неколку случаи.