Војската на Србија соборила комерцијално беспилотно летало долж воените објекти на административната линија со Косово

by Fokus

Единиците на Војската на Србија во попладневните часови по навременото откривање и следење, неутрализирале комерцијален дрон кој се движел од правец на Копаоник кон Рашка, соопшти Министерството за одбрана. Беспилотното летало е соборено со помош на електронски мерки за блокирање, во непосредна близина на воените објекти во гарнизонот Рашка, се додава во соопштението.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, на Копаоник се наоѓа административната граница меѓу Косово и Србија.

„Во согласност со наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, вооружените сили на Србија преземаат засилени мерки за откривање, следење и неутрализирање на беспилотни летала во близина на воени објекти. Вооружените сили на Србија ќе продолжат, согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховниот командант, да ги соборуваат сите беспилотни летала пронајдени во зоната на забранети летови и во близина на воените објекти“, соопштија од Министерството за одбрана.

Претходно денеска министерот за одбрана Вучевиќ за РТС потврди дека Вучиќ ја подигнал борбената готовност на српските вооружени сили поради беспилотните летала и „имајќи го предвид искуството на украинскиот фронт“ за да нема административни доцнења во командниот синџир.

Вучевиќ изјави дека Вучиќ „издал наредба секој таков објект да биде елиминиран или ставен под наша контрола“ и дека борбените авиони МИГ-29, што ги активира Србија, не се кренати во воздух поради беспилотните летала, туку дека „патролираат на нашето небо“.

Министерот за одбрана на Србија изјави дека „на овие предизвици армијата може да одговори со топови“ и на други начини.

-Не се работи само за влез во Рашката област, ВС набљудувала одредени објекти во насока на движење низ Топличкиот и Нишавскиот реон, рече претходно денес Вучевиќ.

Поврзани новости