Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вечерва и’ се обрати на нацијата и вети дека ќе ги искористи целите капацитети на одбранбените сили за да ги уништи објектите на Хамас во Појасот Газа.
Нарекувајќи ги денешните настани нешто никогаш видено во Израел, тој вети дека ќе се погрижи никогаш повеќе да не се повтори. Тој вели дека Хамас започнал сурова и зла војна, насочена кон невини цивили, млади и стари.
„Израел и ќе се погрижи никогаш да не се повтори… Армијата веднаш ќе ја искористи сета своја моќ да ги уништи капацитетите на Хамас“, рече премиерот на Изразел и додаде дека овој мрачен ден ќе биде осветлен.
Израел ќе го таргетира Хамас насекаде – местата каде што се крие и работи и ќе ги претвори во градови од урнатини, рече Нетанјаху.
Тој им порача на на луѓето од Газа да го напуштат местото сега, бидејќи ќе дејствуваат насекаде со полна сила.