Војници пукале врз напаѓач кој им се заканувал со нож

by Fokus

Француски војници денеска отвориле оган врз маж кој им се заканувал со нож пред воена болница во Лион, соопшти полицијата.

Притоа напаѓачот е повреден во нога. Полициски извори наведуваат дека е покрената истрага, но засега не е познат идентитетот на напаѓачот, ниту мотивот за нападот.

Напаѓачот се наоѓа в болница и нема повреди опасни по живот.

Поврзани новости