Војник крвнички претепа Дедо Мраз во Хрватска

by Фокус

Војник крвнички шутираше Дедо Мраз во Славонски Брод, Хрватска.

Како што пишуваат медиумите во регионот, тој и во минатото правел слични инциденти.

Но, не само што не бил исфрлен од воената служба, туку напредувал и добивал награди.

Полицијата го уапсила 21-годишниот насилник кој имал 1,82 промили во крвта.

Хрватското министерство за одбрана го осуди чинот на нејзиниот припадник и побарала Воената полиција да спроведе истрага.

Неофицијално, насилникот пред две години веќе одговарал дисциплински и кривично заради нанесување телесни повреди и вербални закани со смрт.

Претепаното момче во костум на Дедо Мраз се здобило со повреди на главата и му е пукнато ушното тапанче.

Поврзани новости