„Војната во Украина може да трае до крај на 2023“

by Фокус

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска призна дека постои „реална можност“ руските сили да победат во нивната инвазија на Украина.

-Путин има огромна војска, но, тој има многу тешка политичка позиција бидејќи направи катастрофална грешка. Единствената опција што сега ја има е да продолжи да се обидува да го користи својот ужасен пристап за „мелење“, предводен од артилерија, за да се обиде да ги сотре Украинците – рече Џонсон во Њу Делхи.

Тој уште истакна дека верува во проценките на британското разузнавање дека војната би можела да трае до крајот на 2023 година.

-Тој е многу блиску до обезбедување копнен мост во Мариупол сега. Се плашам дека ситуацијата е непредвидлива во оваа фаза. Мораме да бидеме реални за тоа – посочи Џонсон.

Џонсон, исто така, рече дека Велика Британија ќе испрати повеќе артилерија до украинските сили и потврди дека британската амбасада ќе биде повторно отворена во главниот град на Украина следниот месец.

Поврзани новости