Војната во Украина ги наруши пазарите, можни се тензии и во регионот, рече Пендаровски

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски, во денешниот говор во Собранието, се осврна и на војната во Украина, потенцирајќи дека агресијата на Русија врз Украина ги наруши пазарите за храна и енергија во светот, но, пред сѐ, безбедносната инфраструктура во Европа создадена по падот на комунизмот.

-Иако Западниот Балкан е навидум доволно далеку од тој крај на светот, не може да се исклучи дека во одреден контекст е можно зголемување на тензиите и во нашиот регион. Веќе имаме украински бегалци, имаме руски државјани и фирми формирани од нив, регистрираме зголемен интензитет на кибер напади, а свој потенцијал имаат и старите, добро познати фрагилни точки во регионот: северот на Република Косово и ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина каде што клучна стабилизирачка улога имаат меѓународните мисии – рече Пендаровски.

Поврзани новости