„Војната продолжува додека не го уништиме Хамас“ порача Нетанјаху

by Fokus

Ќе продолжи војната против Хамас, му рекол израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на денешната средба во Ерусалим.

Нивната средба се одржа неколку часа откако Хамас презеде одговорност за денешниот напад во Ерусалим, во кој загинаа тројца Израелци.

– Ова е истиот Хамас. Тоа е истиот Хамас што го изврши ужасниот масакр на 7 октомври, истиот Хамас што се обидува да не убие насекаде, му рекол Нетанјаху на Блинкен.

Нетанјаху наведува дека на Блинкен му кажал и дека Израел и тој се заколнале оти ќе го уништат Хамас.

– Ништо нема да не спречи … Војната во Газа ќе продолжи сè додека Израел не ги ослободи сите свои заложници, не го победи Хамас и не гарантира дека никогаш повеќе нема да има слична закана од Газа, истакна Нетанјаху.

Блинкен, како што соопшти Стејт департментот, упати апел Израел да ги преземе сите мерки за заштита на цивилите во јужниот дел на Појасот Газа.

Поврзани новости