Вoјната во Украина денеска влезе во својот 550-ти ден.
Русија во текот на ноќта изврши воздушен напад врз Киев и други делови на Украина, соопшти украинската армија
Цела Украина беше под предупредување за воздушен напад околу 10 минути пред да биде укинат околу 6 часот наутро, според украинските воздухопловни сили.
Засега нема информации за размерите на нападот, можни штети или жртви.
Руските сили за воздушна одбрана уништија два беспилотни летала со кои украинските сили се обидоа да нападнат цели во регионите Брјанск и Курск синоќа и утринава, соопшти руското Министерство за одбрана.
– На 27 август, во текот на ноќта и во утринските часови, режимот на Киев повторно се обиде да изврши терористички напад на териториите на регионите Брјанск и Курск на Руската Федерација користејќи беспилотни летала – се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Областите Брјанск и Курск се наоѓаат на западот на Русија, на границата со Украина.