Конфликтот меѓу Хамас и Израел влезе во својот 15-ти ден.
На израелско-либанската граница во петокот продолжија големите судири. Милитантите на Хезболах пукале најмалку осум пати врз позициите на израелската армија (ИДФ) со противтенковско и малокалибарско оружје. Најжестоката битка се случила во базата Биранит каде наводно има и жртви.
Палестински милитант влегол на израелска територија во близина на Кибуц Маргалиот и подоцна бил елиминиран, јавуваат локалните медиуми.
Израелската авијација продолжува да врши масовни напади врз Појасот Газа. Една од целите беше комплексот околу црквата Свети Порфириј. Најмалку 15 лица загинаа во нападот, додека верскиот објект е речиси неоштетен. ИД, исто така, речиси збриша цела населба во населбата Мадинат ал-Захра во центарот на енклавата.
Милитантите на Хамас доцна синоќа со посредство на Катар ослободија две Израелки со државјанство на САД. Мајката и ќерката биле пуштени на контролниот пункт Рафа на границата со Египет, по што биле предадени на ИД.
Преминот Рафах останува затворен, така што бегалците од Газа сè уште немаат пристап до лекови и хуманитарна помош.
Израелски резервист беше убиен во петокот во противтенковски ракетен напад долж границата со Либан.
Израелските одбранбени сили ја потврдија смртта на наредникот Омер Балво (22) од Херцлија.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант минатата недела повика на превентивен напад против либанското движење Хезболах.
Ова го пренесува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата на Блискиот Исток.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху, сепак, стави вето на предлозите на безбедносните претставници на земјата да му се зададат решавачки удар на Хезболах.
Галант, наводно, рекол дека Израел треба да ги фокусира своите напори на Хезболах бидејќи тоа движење претставува поголема закана од Хамас.
– Галант му рекол на Блинкен за време на состанокот во понеделникот дека тој извршил притисок за превентивен напад врз Хезболах минатата недела, но неговиот предлог беше одбиен од други официјални лица – според Њујорк тајмс.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги нападнаа снајперските позиции на Хамас и високите набљудувачки пунктови.
– Израелските одбранбени сили нападнаа противтенковски и снајперски позиции, односно набљудувачки пунктови лоцирани во повеќекатните згради – се вели во соопштението на ИД.
Израелската војска потврди дека продолжува со воздушните напади врз голем број цели на Хамас во Појасот Газа.