Шест лица беа убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар. Маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука. Пет лица загинале на лице место, а енеколку лица се повредени. Уште едно лице подоцна починало во болница. По нападот убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила.
Од полициската управа велат дека околу 10.10 часот добиле пријава дека машко лице со употреба на огнено оружје убил и ранило неколку лица во дом за стари и изнемоштени лица. Оттаму додаваат и дека на местото на настанот се води истрага, предводена од заменикот на Жупаниското државно правобранителство во Бјеловар.
Убиецот е 51-годишниот Крешимир Пахоки од Доњи Дарувар. Неговата мајка била жителка на домот.
Пахоки е пензиониран воен полицаец. Во 1996 година, Фрањо Туѓман му го додели Спомен-обележјето на Татковинската благодарност, кое им се доделува на хрватските граѓани за чесна и примерна служба.
Како што неофицијално дознава Мојпортал, Пахоки како и речиси секој ден во последните 10 години седел пред продавница во Доњи Дарувар и пиел пиво непосредно пред крвавиот поход.
Во еден момент дошол зад пожарната и го замолил чуварот да го одвезе него и уште еден пријател во градот. Домарот му рекол дека не може бидејќи има работа.
“Мислев дека треба да оди на банкомат или слично. Не ми паднало на памет дека има намера да направи такво нешто. И тогаш го слушам ова. Не знам што да ви кажам, во шок сум !” рече чуварот.
Мајката на Крешимир, наводно, веќе 10 години била сместена во Домот за стари и изнемоштени лица „Виани“ на улицата „Мажураниќева“ во Дарувар.
Полицијата и претходно се занимавала со Пахоки. Имено, како што изјавиле негови познаници за Мојпортал, тој пред еден месец фрлил познаник на скалите каде што имало шишиња.
Поради тежината на повредите, мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Бјеловар и завршил на операција на абдоменот. Наводно пред тоа имал пиштол во устата.
„Порано беше ок момче, дежурен воен полицаец во Загреб. Но кога се пензионираше очигледно алкохолот си го направи своето“, вели жител на Дарувар.