549
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја продолжи воената состојба во земјата за уште 30 дена од 26 март, соопшти денеска прес-службата на Врховната Рада.
Претседателот на Украина потпиша неколку воени закони, меѓу кои и оној за продолжување на воената состојба во Украина. Со законот се продолжува воената состојба во државата за 30 дена од 26 март 2022 година, се наведува во соопштението.
Врховната Рада на 15 март го усвои предлог-законот за продолжување на воената состојба.
Воената состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, на почетокот на руската инвазија врз таа земја, која, според Москва, има за цел да изврши денацификација и демилитаризација на Украина.