458
Припадниците на воената хунта во Нигер му кажале на висок американски дипломат дека ќе го убијат соборениот претседател Мохамед Базум доколку земјите во регионот се обидат воена интервенција за да го вратат на власт, јавува Асошиетед прес, цитирајќи двајца западни претставници.
Тие ѝ кажаа на заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, за време на нејзината посета на Нигер претходно оваа недела, изјави за АП западен воен претставник, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на ситуацијата.
Друг функционер ги потврди овие тврдења, исто така под услов да остане анонимен, бидејќи не е овластен да зборува со медиумите.