Воената хунта во Мјанмар смени 24 министри и заменици, именуваше 11 нови

by fokus

Воената хунта во Мјанмар по денешниот воен удар и преземањето на власта во земјата смени 24 министри и нивни заменици и на нивно место назначи 11 нови министри,.

Објавата за смена на министри и заменици ја емитуваше воената телевизија Мјавадеј.

Британските медиуми јавуваат дека хунатата, меѓудругото, именува нови министри за финансии, здравство, информации, надворешни работи, одбрана, граници и внатрешни работи.

Војската на Мјанмар рано утрово прогласи вонредна состојба, ја презеде власта во земјата и потврди дека извршила апсења на високи владини претставници како одговор на наводната измама за која тврдат дека била извршена за време на минатогодишните општи избори.

Власта ја презеде Врховниот командант на вооружените сили, генерал Мин Аунг Хлаинг.

Поврзани новости