Воен портпарол: Израел се обидува да го собори Хамас од власт во Појасот Газа

by Fokus

Една од целите на Израел во конфликтот со борците на Хамас е да ја собори таа екстремистичка организација од власт во Појасот Газа, изјави портпаролот на израелската војска Јонатан Конрикус.

Со таа изјава тој откри многу повеќе од премиерот Бенјамин Нетанјаху на платформата Х, според АП.

Во неделата, Нетанјаху му соопшти на кабинетот задолжен за безбедност дека одлучил да го оневозможи Хамас да владее на начин што претставува закана за израелските цивили. Илјада активисти на Хамас учествуваа во првичниот напад без преседан врз Израел, рече Конрикус.

„Ова е убедливо најлошиот ден во историјата на Израел“, рече тој.

Синоќа израелските воздухопловни сили продолжија со нападите врз Појасот Газа, а мета беа командни центри и згради во кои се сместени оперативците на Хамас, меѓу другото.

Рано утринава на периферијата на Појасот Газа се огласија сирени за предупредување за ракети, но нема потврда за ракетни напади, јавуваат израелските медиуми.

Поврзани новости