Воен аналитичар: Хамас не се борат ни близу на она што го можат, можеби подготвуваат страшна замка

by Fokus

Според угледниот воен аналитичар на Скај Њуз, Мајкл Кларк, Хамас не се борат со израелските сили колку што можат.

Кларк сугерира дека палестинската милитантна група можеби поставува стапица во градот Газа или користи тунели за да се движи кон југ каде што чекаат напад.

Кларк, исто така, изрази сомневање дека израелските сили всушност упаднале во центарот на градот.

„Се уште не ми е јасно дали Хамас се бори колку што може. Имам чувство дека само неколку од нив се борат, а многу од нив заминале на југ и само го чекаат развојот на настаните“, вели Кларк.

Според него, Хамас може да пружи многу пожесток отпор од она што го правеше досега.

„Но, поради некоја причина, мислам дека тие не сакаат да го направат тоа или да се обидат да ги вовлечат Израелците во градот Газа и да ги одведат таму пред да покажат што можат навистина“, вели воениот аналитичар.

Но, во овој момент, додава тој, мислам дека Хамас не се бори толку жестоко како што очекуваа Израелците или во толку голем број како што очекуваа.

Кларк, исто така, вели дека не е сосема сигурен дека израелските сили упаднале во срцето на градот Газа, како што изјави во вторникот раководството на израелските одбранбени сили (ИДФ) и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но дека тие сè уште напредуваат таму.

Според него, тие се уште се многу претпазливи и претпочитаат да окупираат одредени области околу градот, отколку да напаѓаат.

„Тие ќе се пробијат и потоа ќе видиме дали Хамас постави замки во градот Газа или Хамас ќе ги користи тунелите само за да се тргне од патот“, заклучи Кларк.

Поврзани новости