356
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје објави неделен извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.04.2023 до 20.04.2023 зема 120 примероци за физичко-хемиска и 120 примероци за микробиолошка анализа на водаза пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.