431
ЈП „Водовод и канализација“ денеска објави дека според направените анализи од 23 до 27 јануари водата во Скопје е безбедна за пиење.
Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
За анализа биле земени 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Град Скопје.