„Водовод“ исклучува диви приклучоци во Сарај: Полеваат ниви со питка вода, а не плаќаат!

by Fokus

Во Скопје утрово почнаа да се исклучуваат дивите приклучоци на водоводната мрежа во општина Сарај. Како што велат од јавното претпријатието на „Водовод и канализација“, голем број од жителите на оваа скопска населба со години на диво се приклучени на нивната мрежа, не плаќаат ниту денар за користење на водата, а трошот големи количини бидејќи ја користат за наводнување на ниви.

„И покрај сите опомени, апели и средби со населението на кои ги информиравме дека треба да се приклучат на градската водоводна мрежа, тоа никој не го стори. Се наводнуваат ниви, пластеници, земјоделски површини, дворови. Се троши питката вода, а при тоа се намалува нормалното водоснабдување на останатите жители и од соседната општина Ѓорче Петров кои редовно плаќаат сметки“, изјави директорот на „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

На граѓните кои се диво приклучени инспекторите од Градот им се изречени казни, а ќе бидат поднесени и кривични пријави. Од ЈП „Водовод“ информираат дека акцијата за исклучување на диви приклучоци ќе продолжи и во наредните денови.

Поврзани новости