Водно сепак останува отворено за рекреација

by fokus

Водно сепак ќе остане отворено за пешачење, откако вчера објавата од Национални шуми дека ќе има забрана за посета на шумите од 6 наутро до 8 навечер предизвика реакции во јавноста.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов преку статус на Фејсбук објасни дека може слободно да се оди на Водно, Шар Планина, Пелистер, Галичица и Маврово.

-Оваа делумна забрана се однесува исклучиво на шумите со кои стопанисува ЈП Национални Шуми. Било кои лица кои имаат желба да планинарат во подрачјата во кои движењето е ограничено можат да побарат писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми. ДЕЛУМНАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА:

– Парк шумата Водно – Националните паркови Маврово, Галичица, Пелистер и Шар Планина“, пишува Ангелов на својот фејсбук профил.

Поврзани новости