479
Водителот Миленко Неделковски на 17 јануари следната година ќе седне на обвинителна клупа за ширење на говор на омраза.
Тој кривично се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде се ситеше на пожарите во Атика, Грција. Против Неделковски е поднесен обвинителен предлог и му се заканува казна затвор од една до пет години.
Фејсбук статусот поради кој е му е поднесено обвинението, предизвика осуда во јавноста поради неговата нечовечност и немање емпатија за жртвите во Атика.