567
Водителката Лила Филиповска утрово пристигна во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи е повикана на распит за случајот „Рекет“, потврдуваат од обвинителството за „Фокус“.
Водителката Филиповска беше во автомобилот заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, кога беше уапсен на граничниот премин „Богородица“, како осомничен во „Рекет“.
Во овој случај засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
В.В.