Водителка на „Пинк“ може да остане без раката по тешка сообраќајна несреќа во Белград

by fokus

ФОТО: Andrej Nihil, Pink.rs

Во тешка сообраќајна несреќа утринава околу 6.45 часот во Белград, повредени се три лица, меѓу кои и водителка на емисијата „Ново утро“ на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ. Таа настрадала на пат кон телевизијата каде требало да се снима новото издание на емисијата.

Ѓурѓевиќ била тешко повредена кога кон неа налетал автобус, кој и ги приклештил раката и ногата. Ударот од автобусот се случил кога таа излегла од своето возило во обид да се разбере со возачите на другите возила кои учествувале во сообраќајната несреќа.

Според српските медиуми, Ѓурѓевиќ веднаш била пренесена во болница и била ставена на операциона маса, каде лекари се обидуваат да и ја спасат раката.

Во сообраќајната несреќа учествувале неколку патнички возила и автобус на јавниот градски превоз во Белград. Се претпоставува дека до сообраќајната несреќа дошло поради излизгување на возилата.

Поврзани новости