Водечкото диџеј дуо на светската електронска сцена Agents of Time доаѓаат во Струмица на најјаката Get EXITed журка!

by Fokus

На 6-ти Септември, Струмица ќе биде епицентар на електронската музика, кога Големиот парк ќе стане сцена за главните ѕвезди на вечерта – Agents of Time! Италијанскиот двоец, познат по создавањето на незаборавните клупски хитови и врвни настапи во живо, ќе го предводи третиот по ред Get EXITed настан. Нивната совршена комбинација на мелодично техно и dark house, која ја маѓепса публиката на најголемите фестивали низ светот, ќе донесе на Струмица ноќ за паметење.

Luigi Tutolo и Andrea Di Ceglie, познати како Agents Of Time, веќе десет години постојано ја воодушевуваат публиката на глобалната сцена. Нивниот влез во светот на електронската музика почнува со дебитантскиот албум “Spread The Word” (2014) за Stem Records, со кој поставија темелите на својата кариера. Следуваа запазените проекти како ЕП-то “Magma” и ремиксот на хитот “Take My Breath” од The Weekend, со кои дополнително ја зацврстија нивната позиција како предводници на модерниот електронски звук. ЕП-то “Mirage”, издаден за престижниот Afterlife беше пресвртница во нивната кариера носејќи позрел и пософистициран звук, но и основањето на нивната сопствена етикета “Time Machine”, со што само ја потврдија нивната непоколеблива доминација на светската сцена.

По извонредниот настан на mts Dance Arena на минатогодишниот EXIT фестивал, Agents of Time се враќаат пред публиката со најновите хитови како „Vertigo“, „Deeper For You“ и ремиксот “Love Is a Drug”, како и свежиот сингл „Nothing Ever Changes“ во соработка со Vintage Culture и подготвуваат незаборавен настап во Струмица.

Get EXITed спектаклот дополнително ќе го дополнат настапите на италијанско-шведското трио Meduza, балканската поп-трап дива Senidah, њујоршката диџеј ѕвездa Layla Benitez, како и домашните изведувачи 2Bona, Zee, Young Dadi, Matej Foltz, DJ Popeye и Дивизија.

Влезот на Get EXITed журката е слободен, а сите посетители имаат прилика да станат дел од ноќта која ветува незаборавна музика, еуфорична атмосфера и моменти кои ќе ги носат со себе долго по последната песна. Подгответе се за искуство кое Струмица ќе ја претвори во вистински вртлог на енергија и емоција – место каде ќе се создадат спомени кои траат.

Вики Клинчарова

Поврзани новости