419
Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува Неделниот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
Извештајот за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола од 26.12.2022 до 30.12.2022 на 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.