Водата во каналот Гранде во Венеција позелене

by Fokus

Водата во главниот Гранде канал во Венеција, во близина на мостот Риалто, стана флуоресцентно зелена и властите работат на откривање на причината за необичната појава, за која можеби се одговорни еколошките активисти.

Регионалната агенција за заштита на животната средина земала примероци од вода и работи на идентификување на супстанцијата што ја променила бојата, објави агенцијата.

Венецискиот префект свикал итен состанок на полициските сили за да дознае што се случило и да предложи можни контрамерки, пренесе агенцијата „Анса“.

Инцидентот потсетува на неодамнешните настани во Италија кога еколошките групи сликаа на спомениците. Во последниот ваков инцидент, активисти ја затемнија водата на римската фонтана Треви со јаглен во знак на протест против фосилните горива.

За разлика од претходните случаи, ниту една активистичка група не презеде одговорност за настанот во Венеција.

Поврзани новости