ВОДАТА –  ДВИЖЕЧКА СИЛА ВО ПРИРОДАТА, “КОЖУВЧАНКА” ВО БИЗНИСОТ

by Fokus

 

Пишува Бранко Азески 

 

Од многуте фирми со кои соработував во изминатиот период “Кожувчанка” е фирма со своја сопствена приказна, која е преполна со изненадувања. А, најголемото од нив е мојот добар пријател Митко Јанчев, кој убедливо е еден од најдобрите претседатели на регионални комори со кои сум соработувал. Неговата младост, агилност, иницијативност се единствена причина зошто Кавадарци доби и има една од најдобрите регионални комори. Уште позначаен е неговиот успех со “Кожувчанка”, компанијата која доаѓа од срцето на Тиквешијата, од прекрасниот град Квадарци, компанија – лидер  во индустријата за производство на природна минерална вода, природна изворска вода и освежителни безалкохолни пијалоци. Почетоците на  компанијата се поврзани со производство на  природна минерална вода,  а во 2004 година ја добија лиценцата за полнење на освежителните безалкохолни пијалаци од програмата на германскиот интернационален бренд “SINALCO”. Во 2009 година палетата на производи се прошири со уште два нови бренда: природна изворска вода и негазирани сокови “SINETTA” кои се дел од палетата на “SINALCO”.

„Кожувчанка“ како компанија се стреми секогаш кон унапредување и усовршување, компанија  која постојано инвестира во знаење со цел остварување на континуиран раст и развој. Од  2015 година менаџерскиот тим својата богата палета на брендови ја круниса со “Македонско пиво”, светло пиво автентично подготвено според оригинален рецепт. А пак 2016 година во “Кожувчанка” започна и со работа системот за точење на свежо “Наше Македонско свежо точено пиво”. Овој систем – свежо пиво директно од Пиварница, во светот е стандард на практикување при точење на пиво, а во Македонија консументите имаа можност за прв пат да уживаат во квалитетот на свежото пиво благодарение на „Кожувчанка‟ и нивната инвестиција од 200.000 евра. И не би била “Кожувчанка” она што е денес да не е нивната иновативност, подготвеност да ги прифатат предизвиците и  да одговорат секогаш со нов бренд. Најнов бренд во нивната прекрасна лепеза на производи  е “LIFER Beer”, пиво произведено по најнова и најсовремена технологија, вистинско традиционално, непастеризирано и нефилтрирано пиво, кое е свежо полнето и приготвено од најдобрите состојки со вештините на старите мајстори.

Неизбежно е да се истакне дека Митко Јанчев функцијата управител на “Кожувчанка” ја превземал на 23 – годишна возраст по ненајдејната смрт на својот татко Никола Јанчев.Денес, Митко Јанчев е гордост на неговото Кавадарци.За неговата несебичност,  воден од  една и единствена цел – да им се помага на луѓето преку хуманитарни активности, говори и основањето на Фондацијата “Никола Јанчев”.

“Кожувчанка”, како лидер на пазарот во повеќе категории и годинава ќе продолжи во насока на негување на вистинските вредности на производите што ги има, како и негување на вредностите во општеството во целост. Еколошкиот аспект, иновациите и новитетите и годинава ќе бидат на врвот на листата со приоритети. За нас членувањето во Клубот на менаџери – претприемачи е  многу корисно бидејќи нашите манаџери ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваат на моделите на управување со резултати и квалитет во работењето.

 

г-ѓа Јанинка Чупракоска

 

Дел од тимот на “Кожувчанка” е и Јанинка Чупаркоска, дамата која скоро три  години е на лидерската позиција и успешно го продолжува работењето, предводејќи ги инвестициите и новитетите во компанијата. Денес „Кожувчанка‟ е модерна  компанија која постави нови стандарди на македонскиот пазар, преставувајќи начин на работење, кој не е само нивен патоказ по кој ќе чекорат туку и патоказ кој треба да го следат и другите компании, но никогаш за сметка на квалитетот на нивните производи. Тоа го потврдија и со второто по ред признание Best Buy за 2018 и 2019 година, кое се однесува на најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на нивните производи.

 

П.С  Во следниот број ќе Ви преставиме членка на Клубот на менаџери претприемачи при Стопанската комора и компанија во чиј состав е комплекс во Берово, кој според Daily Telegraph I National Geographic Balkans е прогласен за еден од најубавите комплекси во овој дел од Европа и пошироко.

 

 

Поврзани новости