548
Основачот и водач на руската воена компанија Вагнер, Евгениј Пригожин објави дека Бахмут паднал и дека тие успеале да постават руско знаме на зградата на градската управа.
-Вечерва, во 23:00 часот, поставивме руско знаме со натпис „Во спомен на Владлен Татарски “ и знаме „Вагнер“ во градската управа на Артјомовск (Бахмут). И формално, Артјомовск е окупиран“, порача Пригожин.
Тој додаде дека „непријателот се уште е концентриран во западните делови на градот“ и дека борбите продолжуваат.