По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња.
-Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје, лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина со професионалност и внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано набљудувани, истакна градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Лавчињата се стари само неколку дена.
-Посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште – истакна директорот на Зоолошката градина, Кристијан Стаменов.
Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.