(ВО ЖИВО) Протест на роднините на осудените во случајот „Монструм“

by Fokus

Денеска попладнево во 13.30 часот започна протестот за поддршка за осудените во случајот „Монструм“.

Протестот почна од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата. Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“.

 

Поврзани новости