Премиерот Зоран Заев во моментот на владина седница ќе им ги врачи мандатните писма на новите министри.
[🔴Во живо] Обраќање на премиерот Заев при врачување на мандатните писма на министрите и министерките
Publiée par Влада на Република Северна Македонија sur Jeudi 3 septembre 2020
Новата Влада беше изгласана на собраниска седница на 30 август, а дел од неа се:
Артан Груби – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв вицепремиер на Владата
Љупчо Николовски – вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурс
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања;
Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања;
Радмила Шекеринска – министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана;
Оливер Спасовски – министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи
Бојан Маричиќ – министер која ќе раководи со Министерството за правда;
Бујар Османи – министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи;
Фатмир Бесими – министер кој ќе раководи со Министерството за финансии;
Крешник Бектеши – министер кој ќе раководи со Министерството за економија;
Аријанит Хоџа – министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
Венко Филипче – министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;
Мила Царовска – министерка која ќе раководи со Министерството за образование и наука;
Јагода Шахпаска – министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика;
Горан Милевски – министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа;
Ирена Стефоска – министерка кој ќе раководи со Министерството за култура,
Јетон Шаќири – министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
Благој Бочварски – министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски, и
Насер Нуредини – министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.