409
Преку видеосесија „Ковид-19, прашања и одговори за полицискиот час“, Владата ќе ги информира граѓаните за сите детали поврзани со новите рестрикции на движењето на граѓаните на ниво на целата територија, кои почнаа од денеска.
На видеосесијата говорат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.