ВО ЖИВО Како се одвива седницата за францускиот предлог?

by Fokus

Денеска во Собранието се одржува пленарната седница за францускиот предлог, на која за збор се пријавени 42 пратеници.

Дискусиите продолжуваат исто како и вчера, тишина кога дискутираат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и вувузели и свирчињата за време на репликите на пратениците од владејачката коалиција.

Инаку, во Собранието вчера започна дебатата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на земјава со Европската Унија, со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека овој европски предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес и за старт на преговорите на земјава со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите дефинирани позиции.

Претходно, во обраќање пред пратениците, пак, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека со прифаќање на предлогот земјава ќе направи уште еден чекор кон ЕУ и дека сега е моментот да продолжиме напред „кон нашата заедничка иднина во ЕУ со Северна Македонија како полноправна членка“.

Поврзани новости