По речиси четири часа работа со еден багер, дивоградбата кај Мавровка почна да попушта, односно падна дел од бетонската плоча. Сепак за целосно рушење претстои уште многу работа.
Рушењето го обезбедува полицијата.
Срушен дел пред ТЦ Мавровка
Publiée par MИА.mk sur Mercredi 2 septembre 2020
Видео: МИА
Владата вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.
Сопственикот на објектот Мевлудин Алити за време на уривањето, пред медиумите рече дека објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари. Алити вели дека ги избегнувал медиумите во изминатиот период бидејќи сметал дека неговиот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес.