Во Женева ќе се одржи 73. Генерално собрание на СЗО

by Fokus

Во Женева денеска ќе се одржи 73-то Генерално собрание на Светската здравствена организација, а главна тема ќе биде пандемијата Ковид-19.

Поради пандемијата на коронавирусот Собранието ќе се одржи со скратена агенда и преку видео врска.

На седницата се очекува да биде усвоена резолуција, во која ќе се нагласи потребата од непристрасна, независна и сеопфатна проценка на меѓународната реакција на пандемијата.

Во новиот извештај на СЗО се вели, меѓу другото, дека од 2000 до 2016 година очекуваното траење на квалитететен, здрав живот бил глобално продолжен за осум проценти – од 59 на 63 години, но се забележува дека пандемијата на новиот коронавирус ќе го забави тој добар тренд.

Поврзани новости