Во желудникот на угинат кит пронајдени 40 килограми пластични кеси

by fokus

Во желудникот на угинат кит пронајден на Филипините, биле најдени 40 килограми пластични кеси, соопшти Музејот во кој се изложуваат животински коски во близина на Давао Сити.

– Ја откривме причината за угинувањето на младиот кит, кој беше пронајден на 16 март. Тој имаше дури 40 килограми пластични кеси во себе. Ова е најголемото количество пластика што некогаш сме го виделе во тело на угинато животно. Тоа е одвратно. Владата мора да преземе мерки против оние што го третираат океанот како канта за отпадоци, нагласи претставник на Музејот.

Во областа, изминативе десет години, најдени се 57 китови и делфини, кои угинале како последица од проголтување пластика.

Фото – Дарел Блатчели

Поврзани новости